SKY RESTAURANT
Панорамскиот поглед од Sky ресторанот е нешто што постојано ќе Ве освојува.
Од овде ќе ја видите целосната приказна на градот и неговото живописно окружување од Водно со Милениумскиот Крст, Шар Планина и Скопска Црна Гора.
Додека уживате во храната, ќе бидете воодушевени од елеганцијата и луксузноста на ентериерот, збогатен со лустери од Swarovski кристали и релјефни уметнички дела со мотиви од старо Скопје. VIP делот нуди поинтимна атмосфера за опуштени разговори или едноставно уживање во живата изведба на музиката со виолина и пијано.
Менито нуди префинет избор на локални специјалитети, ориентални јадења, препознатливи вкусови на медитеранот и најубави интернационални јадења, во комбинација со домашни и странски вина.
Lounge Bar Divan
Lounge Bar Divan е идеално место за пауза од деловните обврски или за релаксација со семејството и пријателите.
Од разновидните понуди на менито ги издвојуваме сендвичите, пиците и разните видови на торти и колачи. Влезот од барот ќе ве импресионира со својот изглед и аристократската грациозност. Уживајте во богатиот неокласичен ентериер кој е надополнет со летната тераса. Барот Ви нуди магични моменти со поглед на Камениот мост како и фонтаните и музеите на плоштадот Филип II.
Менито има на понуда различни сендвичи, торти и многу вкусни видови на пици.