ДЕЛОВНИ УСЛУГИ ВО ХОТЕЛ STONE BRIDGE
За деловниот престој на гостите, хотелот Stone Bridge обезбеди софистицирана технолошка опрема за реализација на конференции, презентации, семинари, предавања, прес-конференции и останати видови на настани. Хотелот нуди конференциска сала со капацитет од 120 лица и една Вип конференциска соба за 20 лица. Stone Bridge го има задоволството да организира деловни настани за следните деловни клиенти: Сите амбасади во Р. Македонија, Светска Банка, NATO, EVN, TAV, Фудбалска асоцијација на Македонија, Македонски Телеком, Владини и Не-Владини институции, OECD, USAID, MAPAS, Алкалоид и уште многу други медицински конгреси.
Типови на распореди во конференциските сали:
1. U-Систем (до 42 столици) 2. Театар Систем (до 130 столици) 3. Школски систем (до 52 столици)
Доколку имате потреба да резервирате конференциски услуги, ве молиме да се обратите на marketing@stonebridge-hotel.com или на телефон: + 389 2 32 44 900