About us

За нас – хотел Stone Bridge

Хотелот Stone Bridge се наоѓа веднаш до Камениот мост, кој датира од 15-ти век и е главен симбол на Скопје.

Сместен директно во културниот и комерцијален центар на градот, хотелот е одлична база од која може да започнете со откривање на македонското наследство. Пред самиот хотел се наоѓа плоштадот Филип II заедно со музеите и четирите прекрасни фонтани.

Овде е главниот влез на Старата Чаршија каде што посебно се издвојува спомен обележјето Воин. На само пет минути оддалеченост се наоѓа тврдината Кале која се издига на највисоката точка во градот со поглед кон реката Вардар. На другата страна преку Камениот мост се наоѓа плоштадот Македонија со грандиозната фонтана Воин на Коњ.

Прошетката низ градот и кејот на Вардар ќе Ви овозможи импресивните споменици и скулптури да Ви ги раскажат најзначајните времиња од македонската историја. Исто така, тука се наоѓаат владините канцеларии, финансиските институции, трговските центри и бројните ресторани и барови.

IMG_1601stone-bridge-hotel-about-us-more

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Хотелот Stone Bridge нуди аеродромски трансфер, приватен паркинг, rent a car услуги, личен возач, услуги на рецепцијата 24 часа и собна услуга, перење и хемиско чистење.

IMG_1698Сместување и услуги

Хотелот Stone Bridge располага со 30 соби, 9 апартмани и 1 Претседателски апартман Султан. Сите соби се опремени со климатизација со сопствена регулација, LCD телевизор, директна телефонска линија, безжичен и кабелски интернет, мини бар, сеф и бања со џакузи кабина.

За деловните потреби на гостите, хотелот Stone Bridge нуди конференциска сала со модерна технологија и комуникациска опрема за одржување на разновидни деловни настани. За рекреација и релаксација, хотелот располага со фитнес сала, базен и џакузи, сауна и салон за масажа.

Една од специфичните предности на хотелот Stone Bridge е погледот кој го нудат рестораните. Покрај врвните кулинарски услуги, амбиентот овозможува едно сосема поинакво задоволство.

BOOK NOW