StoneBridge Hotel
Кеј Димитар Влахов бр.1, 1000 Скопје, Македонија
Тел.: + 389 2 32 44 900; Факс: + 389 2 32 44 901
 
 
Дома
Сместување
Галерија
Барови и Ресторани
Локација и Контакт
Club Card
Скопје Инфо
 
 
Услуги и Објекти
 

Деловни услуги

За деловениот престој на гостите, хотелот Stone Bridge обезбеди софистицирана технолошка опрема за реализација на деловни средби, организација на предавање, презентации, семинари и др. Покрај врвната опременост на сите апартмани кои овозможуваат реализација на вашите деловни активности од приватноста на вашата соба, хотелот нуди конференциска сала, со целосна техничка опрема и организациска подршка и е подготвен на располагање да ви ги понуди најсовремени услуги на деловна комуникација, курирска служба, преведувачи, организација на вашето службено патување и други деловни услуги.

Рекреативни услуги

А се разбира, најдобар начин за завршување на напорниот ден исполнет со деловни средби или уживање во убавините на градот, е релаксација во рекреативните услуги на хотелот. Базен, сауна и фитнес сала.
Инспириран од Даут Пашиниот Аман, кој се наоѓа во непосредна близина на хотелот, денеска културен споненик на неговата историја, Стоне Бридге на своите гости им ја нуди привилигијата да ги пробаат благодетите од единствениот Турски Амам. Изведен во ексклузивен амбиент на мермер, турската бања нуди мигови на опуштање и уживање кое го носи ориентот.