StoneBridge Hotel
Кеј Димитар Влахов бр.1, 1000 Скопје, Македонија
Тел.: + 389 2 32 44 900; Факс: + 389 2 32 44 901
 
 
Дома
Галерија
Барови и Ресторани
Услуги и Објекти
Локација и Контакт
Club Card
Скопје Инфо
 
 
Сместување
 

На располагање ви нудиме: 30 соби, 10 апартмани и 1 кралски (претседателски) апартман.

Со цел да ви обезбедиме максимално задоволство сите соби се опремени со:

  • плазма телевизор со сателитски канали,
  • аудио систем,
  • дирекна телефонска линија,
  • фиксен и безжичен интернет,
  • мини бар,
  • сеф

Високиот естетски израз, внимателниот избор на бои, ткаенини и луксузните предмети од мебелот создаваат неповторлива атмосфера, но со пријатен и топол амбиент.
Можноста да уживате во глетката на најпознатите културно историски споменици во градот, Старата чаршија, тврдината Кале и Камениот мост, од удобството на Вашата соба, се единствена привилегија на нашите гости и поттик за професионалниот тим на хотелот за нив да обезбеди целосни услуги на туристички водич во градот и земјата со организирани посети на познатите културно историски и археолошки локалитети. Истотака, хотелот е секогаш подготвен престојот на гостите да го збогати со посета на актуелните културно - уметнички настани во градот.

Бањите со својата ексклузивна опременост, џакузи кабините и изборот од аксесоари имаат за цел на секој гостин да му овозможат пријатни мигови на релаксација и опуштање. Секој ваш нов деловен успех, јубилеј, или едноставно секој ваш повод за прослава или ваше моментално расположение, се дополнителна инспирација на хотелот, да ги збогати вашите моменти на радост и уживање создавајки спомени кои се паметат долго по завршување на престојот во хотелот.

 
 
Цени:
 
Standard Single Room   138,00 €  110,00 € 
Superior Single Room   180,00 €  144,00 € 
Deluxe Single Room    202,00 €  162,00 € 
Standard Double Room   159,00 €  127,00 € 
Superior Double Room   213,00 €  170,00 € 
Deluxe Double Room   245,00 €  196,00 € 
Apartment Kale Fortress View   299,00 €  239,00 € 
Diplomatic Suite
Vardar River and Stone Bridge View  
349,00 €  279,00 € 
Apartment SULTAN
Vardar River and Stone Bridge View  
549,00 €  439,00 € 
 
Викенд цените се однесуваат за петок, сабота и недела.
 
Доручек + 18% ДДВ вклучен за сите соби